Веб-страницата за споредба на телефони „Висл аут“ неодамна направи истражување за тоа колку влијае сегашната дигитална ера врз нашето секојдневие, навиките, комуникацијата итн. За таа цел, тие анализираа 1.000 корисници на мобилни телефони.
Според навиките на испитаниците, аналитичарите утврдија дека една личност во просек поминува девет години од животот користејќи мобилен телефон.
Од анализата, податоците открија дека лицата родени од 1981 до 1996 година поминуваат една четвртина од времето кога се будни на телефон. Лицата родени од 1965 до 1980 поминуваат околу 16,5 отсто од времето на телефон, додека кај лицата родени помеѓу 1946 и 1964 процентот изнесува 9,9.