Во Рим поставен прв автомат кој приготвува пица за 3 минути

By

Во Рим е поставен автомат кој за три минути приготвува свежа пица.

Овој автомат е отворен 24 часа, а купувачите од машината „Мистер Гоу пица“ ќе можат да избираат меѓу четири различни вкусови. Цената на пицата се движи од 4,5 до 6 евра. Машината го меси тестото и ги додава состојките, а купувачите преку мал прозорец можат да гледаат како пицата се пече.

Сепак коментарите се поделени и има такви што велат дека е „прифатливо ако брзате“, но и оние кои тврдат дека ваквата пица е „ужасно лоша“.

 

Ќе ви се допадне

AniWatch free anime: Watch SK8 the Infinity Episode 8 (https://aniwatch.pro/m/ROoq/ep-8)

GoGoAnime sites like gogoanime: Watch Gintama Episode 125