Во руските метроа веќе не мора да плаќате билет, постои систем на препознавање на лицето

Властите во Москва воведоа ситем со кој граѓаните ќе можат да ги платат своите билети за да се возат со метро, само со препознавање на лицето. Сè што треба да направат е да погледнат во камерата и вратата ќе им се отвори, освен за оние кои немаат платено претходно.

Плаќањето се врши со помош на апликацијата MosMetro, во која се регистрирате со помош на фотографија на лицето и картичка од банка. Досега се имаат регистрирано повеќе од 25.000 луѓе.

„Нашите очекувања се надминати“, рече Максим Ликсутов, заменик-градоначалник задолжен за сообраќај. Контроверзната технологија е тестирана од почетокот на годината.

„За да влезете во метро, на патниците не им се потребни повеќе картички и паметни телефони. Само треба да погледнат во камерата на влезот“, објасни Ликсутов.

Системот сега работи на повеќе од 240 метростаници во најголемата европска метропола. Се очекува овој систем да го користат 10 до 15% од патниците. За да го користат, потребно е да покажат своја фотографија, картичка од банка и картичка за патување со воз и автобус и да ја поврзат со апликација за метро.

„Москва е првиот град во светот во кој овој систем функционира во оваа мера“, рече Ликсутов.

Се очекува начинот на плаќање да биде наречен Face Pay, а во следните две до три години, ќе го користат 10 до 15 проценти од патниците. Безбеден е и може да се користи и кога се носат маски за лице, убедуваат властите.

Независната организација Roskomsvodboda, предупреди дека тврдењата за безбедноста на системот е сомнителна и дека личните податоци би можеле да завршат во рацете на безбедносните служби.

Scroll to Top