Градски здравствен тим во Сеул, кој ќе биде специјализиран за собирање примероци од животни, ќе ги посетува семејствата кои се во карантин и ќе ги тестира нивните домашни миленици, за да утврди дали се позитивни на коронавирус.
Во метрополата во Јужна Кореја е најавено тестирање на животните на Ковид-19 кои живеат во домовите на оние лица кои се позитивни на опасниот вирус. Ова го најави првиот човек во здравството во Сеул, Парк Јо-ми.
Тој изјави дека градскиот тим обучен за собирање примероци од животни ќе ги посетува семејствата кои се во карантин и ќе ги тестира нивните домашни миленици.
Си-ен-ен пишува дека секое куче или маче кај кое ќе биде утврдено дека е позитивно на корона, ќе мора да помине 14 дена во карантин.
Првиот потврден случај на Ковид-19 кај домашен миленик бил евидентиран на 21 јануари, кога за време на тестирањето било утврдено присуство на коронавирус кај една мачка.