Во Шангај се отвори најголемиот музеј на астрономија во светот

By

Во Шангај е отворен најголемиот музеј на астрономија во светот. Тој е дизајниран во криво-линеарна форма чија цел е да ја рефлектира геометријата на космосот. Музејот е без правилни линии или прави агли, а се формира од три лакови што се преклопуваат и потсетуваат на орбитите на небесните тела, пишува „Си-ен-ен“.

„Музејот за Астрономија“ во Шангај е со површина од 420.000 квадратни метри. Има простор за изложби, планетариум, опсерваторија и соларен телескоп висок околу 24 метри. Дизајнот го направи американската фирма Ennead Architects, која во 2014 година победила на меѓународен натпревар за дизајнирање на зградата.

„Навистина мислевме дека можеме да ја искористиме архитектурата како дополнителна вредност врз целото ова искуство. Зградата е наменета да биде ова олицетворение на астрономски инспирирана архитектура“, рекол водечкиот дизајнер и партнер Томас Ј.Вонг.

Бидејќи градбата нема правите ѕидови, туку заоблени, Вонг и неговиот тим се надевале дека ќе покажат дека сè во универзумот е во постојано движење и управувано од низа сили. Во дизајнот има три форми: окулус, сфера и превртена купола кои ги подражаваат сонцето, месечината и ѕвездите.

 

„Ние сакаме луѓето да го разберат посебниот дух на Земјата како место кое е домаќин на животот, за разлика од кое било друго место за кое знаеме во универзумот“, рече Вонг.

 

Ќе ви се допадне

A Wind Named Amnesia (Dub) (https://4anime.biz/m/LgMM) Episode Full

Tokyo Revelation Episode Full

KissAnime Watch english anime Online in HD for FREE

Watch anime online for free at AnimeFreak watch animes

Clozette: https://www.clozette.co/u/animefreakws

Podomatic: https://www.podomatic.com/podcasts/gogoanime-box