Во школите во Шпанија децата од мали се учат да пеглаат, шијат и готват

Во школите во Шпанија учениците покрај математика, учење јазици, историја, биологија и другите вообичаени предмети, имаат часови и по домаќинство.

Децата во овие школи учат да пеглаат, шијат и готват. Овие предмети им ги предаваат професори кои предаваат и класични предмети. На пример, професор кој ги подучува економија, ги учи и да пеглаат.

„Мораат да научат дека тоа не е само женска работа. Туку и машка“, вели професор Андрес Луна во разговор за француската телевизија TF1.

Со него се согласува и директорот на школото, Хозе Мануел Родригез, кој ја покренал оваа програма.

„Ние мажите мораме работите да ги подигнеме на едно повисоко ниво. Забележавме дека теоретските предмети во школите не се доволни. А што е подобро од праксата?“, вели Родригез.

 

Учениците признале дека кога на почетокот им ја претставиле ваквата иницијатива, помислиле дека се работи за шега.

„Мислев дека целата оваа работа изгледа невозможно да се изведе. Но, мислам дека благодарение на ова, на крај сфатив колку работата за моите родители не им е лесна“, вели еден од учениците за француската телевизија.

Овој пример ги воодушеви многумина, па сега и други школи во Шпанија, размислуваат за воведување слични вакви програми.

 

Scroll to Top