Научници од Универзитетот во Глазгов го анализирале шкотскиот јазик и установиле дека тој содржи 421 збор поврзан со снег, меѓу кои и термините: snaw (снег), sneesl (да почне да снежи) и skelf (голема снегулка).
„Времето играло клучна улога во животот на Шкотланѓаните со векови. Бројот и разновидноста на зборовите покажуваат колку било важно за нашите предци да комуницираат за времето, кое многу влијаело врз нивните животи“, вели Сјузан Рени, професорка по англиски и шкотски јазик на Универзитетот во Глазгов.
Иако претходно се веруваше дека Ескимите имаат најмногу зборови за снег, сепак тие имаат 50 збора помалку од Шкотланѓаните.
Со цел да се соберат уште повеќе термини, истражувачите притоа ги повикаа луѓето да им испратат нивните сопствени зборови.