Во Тиквешко по традиција секоја година за време на Велигденските празници, лозарите закопуваат велигденски јајца крај виновите лози, за бериќет.
Долгогодишната традиција за време на велигденските денови во Тиквешијата продолжува и оваа година.
Јајцата кои лани се вапцале во се чуваат цела година, а потоа се закопуваат за бериќет. Ваквиот обичај наследен од постарите, го практикуваат и многу други тиквешани.