Во Црна Гора склучен прв геј брак

Две млади девојки, кои се со потекло од Балканот, а живеат и работат во странство, денеска се венчаа во Будва, пишуваат српските медиуми.

Ова е прв склучен истополов брак во Црна Гора, откако започна примената на Законот за животно партнерство.

Парламентот на Црна Гора во јули 2020 година го донесе Законот за животно партнерство, а стапи на сила на 15. јули оваа година.

Министерката за јавна администрација, дигитална трансформација и медиуми, Тамара Срзентиќ, напиша дека им посакува среќа и многу љубов на партнерките во нивниот заеднички живот.

„Денес е значаен ден за ЛГБТ заедницата и горда сум што во нашата земја е склучено првото животно партнерство на лица од ист пол“, напиша таа на Твитер.

Иако Законот за животно партнерство на лица од ист пол беше донесен пред една година, Срзентиќ посочува дека е потребно да се стори многу повеќе, за да се исполнат сите предуслови за негово целосно применување.

Scroll to Top