(Во живо) Русија го слави Денот на победата

На 73-годишнината од капитулацијата на нацистичка Германија во Втората светска војна, во Москва денеска се одржува воена парада. Русија на денешната воена парада го прикажува своето ново оружје, меѓу кое се и новиот роботизиран тенк „Уран – 9“ и новиот вооружен систем тестиран на военото поле во Сирија.

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, традиционално се прекрсти и ги обиколи војниците. Традиционално војниците кои учествуваа на парадата му одговараа со – Ура!

Командантот на парадата е командантот на Копнените сили на Руската Федерација, генералот Олег Салјуков.

Со музичката песна „Света војна“ припадниците на баталјонот на воената почесна гарда 154 со наредникот Антон Михајлов и помладиот наредник Алексеј Фокејев на Црвениот плоштад ќе го веат државното знаме на Руската Федерација и знамето на победата.

Од Кулата на спасот во Кремљ, означен е почетокот на парадата.

На Црвениот плоштад стигнал и рускиот претседател Владимир Путин во друштво на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Во одбележувањето на историската победа над фашизмот учествувале 13 000 војници и стотина оклопни возила и стотина разни воени возила, одбранбени системи, па дури и дронови.

Се очекува да бидат видени и стелт-ловечките авиони од петтата генерација, гордоста на руското Воено воздухопловство, „Сухој 57“ (познат и како Т-50). Како што пренесува Би-би-си, овој авион се докажал на военото боиште во Сирија.

Доколку времето во Москва биде поволно, се очекува и прелет на ловечките авиони, бомбардерите и хеликоптерите. Авионите „миг 31“ ќе прелетаат над Москва носејќи ги новите хиперсонични противбродски ракети „кинжал“, кои можат да уништат носачи на авиони. Руската војска одржала и генерална проба на традиционалната парада за Денот на победата на Црвениот плоштад.

Во Владивосток веќе е одржана воена парада на која учествувале 1500 војници и повеќе од 50 единици на воена техника. Парадата го отворила оркестарот со тапанари од воената поморска академија, а тука биле и легендарниот тенк Т-34, нов оклопен транспортер БТР-82А, комплексот „ПВО оса“, крајбрежниот ракетен комплекс „бастион“, противвоздушниот топовски комплекс „панцир – С1“, и системот на фрлачи на ракети „град“.

На Далечниот Исток во Русија ќе биде одржана свечена воена парада со најновите воени возила.
За првпат морнаричката пешадија на Тихоокеанската флота ја имаше претставено униформата на војникот на иднината, опремата „Војник“.

Scroll to Top