Возачот на градскиот автобус кој вози на линија 551 во Белград, Иван Филиповиќ, пуштил детска песна за да го смири расплаканото и вознемирено бебе. Мајката не можела да го смири, па Иван преку разглас решил да ѝ помогне.
„Со песната нè врати во детството“, напишала на „Твитер“ Ана Максимова, мајката на бебето.
„Кога стигнавме кај железничката станица, една госпоѓа со бебе влезе во автобусот. Веројатно било вознемирено затоа што не е навикнато на вакви патувања. Или на голем број луѓе околу него. И самиот имам бебе старо шест месеци. Во телефонот имам доста снимени детски песни па се сетив дека би можел да ги пуштам. Откако ја пуштив, бебето веднаш се смири“, вели Иван Филиповиќ.