(Вознемирувачко видео) Девојче од Велес со боксови тепаше своја врсничка

Дванаесетгодишно девојче од Велес нападна своја врсничка. Видеото од тепачката е објавено на твитер- профилот Виќо инспектор. Додека едно од девојчињата ѝ удирала боксови, останатите ги снимале. Нападнатото девојчето на телефон се обидело да ја побара мајка си за помош.

За среќа, брзо интервенирала повозрасна жена која ги разделила двете девојчиња. На твитер-профилот Виќо инспектор е објавено дека двете девојчиња биле однесени во полициска станица, во присуство на родител и социјален работник и со нив бил направен разговор.

Преземени се мерки и против еден од родителите на девојчето кое ја нападнало својата врсничка и поднесена е соодветна пријава за негрижа за дете.

Многумина коментираат дека надлежните треба да се позанимаваат повеќе со ваквите проблеми и да утврдат од каде доаѓа ваквата агресија и бес кај младите, со цел во иднина да се спречат вакви или слични настани.

Scroll to Top