Неидентификуваниот маж е снимен како вербално ги малтретира луѓето кои се наоѓаат зад металните ограни, најваеројатно во својот дом, пред да полицијата стигне на лице место, пишува Индипендент.
Полицајците се обиделе да го совладаат, а на снимката се слуша како полицајката го моли да се смири.
Потоа му рекла да легне на земја, но, тој се залетал кон неа. Во следниот момент таа со својот електрошокер го совладала.
„О мој боже. Застрелај го. Застрелај го говедото. Ова е момент кога треба да пукаш“, викаше полицаецот на мажот кој ја снимал целата ситуација.
Ранетиот маж потоа успеал да стане и да се нафрли на другиот полицаец кој исто го шокирал со струја.
На крајот на снимката се гледа како мажот лежи на земја, а полицајците го опколиле. Не е познато во каква состојба е точно, но се шпекулира дека бил под дејство на дрога.
Погледнете го видеото:
🚨 Video 80, You still want to criticize our job from your cubicle? #KeyboardPolice Suit up and hit the streets #BlueLivesMatter #Comply 🚨 pic.twitter.com/i8ZEiUu55p
— Chicago’s Finest (@ChicagosFines19) 25 July 2017