Врата од собата во легендарниот хотел „Челси“, во која престојувал Боб Дилан, е продадена за 100.000 долари на аукција во Њујорк. Тоа е една од 50. врати што ќе бидат продадени од хотелот каде светски ѕвезди отседнувале низ текот на годините.
Вратата од собата во која спиеле Џенис Џоплин, Леонард Коен и многу други познати личности е продадена за 85.000 долари.
Овој хотел, изграден околу 1880 година, стана долгогодишно престојувалиште за повеќе генерации на пејачи, боеми и писатели.