Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија соопшти дека вулканот Етна, кој се наоѓа на италијанскиот остров Сицилија, вчера повторно еруптирал, првпат оваа година, пренесува Анадолија. Таа се случила во областа на југоисточниот кратер, предизвикувајќи лесен дожд од пепел.
Етна е најголемиот и најактивниот вулкан во Европа, а неговите ерупции често се придружени со големи текови на лава, но ретко претставуваат опасност за населените области.
Инситутот објави дека денеска наутро вулканските потреси се искачиле на просечни вредности, а протокот на лава сè уште е активен.