За 90.000 работни места, се пријавиле 25 милиони работници

Околу 25 милиони лица, бројка поголема од бројот на жители на Австралија, се пријавиле на оглас за 90.000 работни места во индиската железница.

Ова само укажува на предизвикот со кој се соочува премиерот Нарендра Моди, кој ветил отворање нови работни места за време на својот мандат.

Моди стигнал на власт по изборите во 2014 година ветувајќи пресврт во економскиот раст во третата најголема економија во Азија и создавање нови работни места.

Но, неговата иницијатива на Make in India (Создавајте во Индија), со цел да се зголеми производството во индиската економија, која тежи две милијарди американски долари, од 17 на 25% и да отвори 100 милиони работни места до 2022 година досега не дала никакви резултати.

Од државната железница, која во моментов вработува 1,3 милиони луѓе, соопштуваат дека се отвораат десетина илјади нови работни места. Машиновозачи, техничари, инспектори на шини и разни други дејности.

Целта е, како што тврдат, да се подобри безбедноста на четвртина од најголемата железничка мрежа на светот.

„Толкав голем број пријави покажува дека навистина постои недостиг на работа, но и дека Индијците најмногу сакаат работа во државните претпријатија. Мораме да го промениме таквиот начин на размислување“, смета Махеш Вјас, раководител во непрофитна истражувачка организација за економијата CMIE.

Индиската железница е најголемиот работодавец во државата.

 

 

 

Scroll to Top