За да личи на куклата Кен си ги извадил ребрата

34-годишниот „Кен од реалноста“ досега има направено низа пластични операции на себе во вредност од 500 илјади фунти. Станува збор за Родриго Алвес (34) веќе години наназад прави пластични операции за да изгледа како реална верзија на куклата Кен.

Последната од низата процедури му е вадењето на ребра за неговиот струк да биде потенок, но тој откри дека се кае за одлуката затоа што трпи неподносливи болки. Вели дека има огромни лузни на грбот, а најлошо од сè е што неговиот струк не изгледа потенко.

Операцијата чинела 28.000 фунти и морал да носи корсет постојано.

Инаку, вкупната сума што ја има вложено досега во пластични операции е 500.000 фунти.

Scroll to Top