Откако службите го извадија телото на двегодишниот Хулен Росел, кој пред 13 дена паднал во бунар длабок 71 метар во Шпанија, светските медиуми пишуваат дека ова не е единствената трагедија која го снашла семејството.
Родителите на малиот Хулен, Хозе Росел и Вики Гарсиа, пред една година го изгубиле ѝ постариот син. Како што пренесува „Вашингтон пост“, нивниот постар син Оливер починал на тригодишна возраст од срцева маана.
Родителите за време на потрагата на Хулен, изјавиле дека се надеваат дека Оливер сега од небото го гледа неговиот помлад брат.
„Оливер не го заборавај својот постар брат Хулен. Го чекаме веќе долго време, а знаеме дека ти го штитиш“, напишала мајката Вики на социјалните мрежи.
Таткото Хозе изјавил дека веднаш стигнал на местото каде паднал неговиот син во дупката. Се обидел да влезе но, било предоцна. На почетокот го слушал како плаче, а потоа повеќе не можел да го слушне.
„Можев само да му кажам да биде мирен и дека тато го сака ѝ дека се надева дека постариот брат ќе му помогне“, изјавил Хозе.
Спасувачките тимови со денови копале за да стигнат до момчето, иако не се покажувале никакви знаци за живот. Снимките од камерите на лице место, на 70 метри под земјата, прикажале кесичка со бомбони, која момчето ја носело со себе. За жал, потрагата немала среќен крај, а двегодишното момче било пронајдено и извлечено мртво.
Околу 300 работници неуморно работеле и трагале по момчето надевајќи се на чудо. Двегодишниот Хулен на 13 јануари падна во необележана дупка за бунар, која била безаконски ископана. Настанот се случил додека тој заедно со неговите родители биле на излет.