Католичката црква нема да ги благослови истополовите бракови, бидејќи „Бог не може да го благослови гревот“, стои во соопштение на Ватикан што беше одобрено и потпишано од папата Франциск. Официјалниот став на Ватикан предизвика разочарување на социјалните мрежи, особено од оние кои очекуваа католичката црква да ја напушти традицијата, откако лани папата во јавноста зборуваше дека ги поддржува истополовите парови.
Изјавата дојде од православната канцеларија на Ватикан, како официјален одговор на прашање што им беше поставено во врска со моќта на црквата да благословува истополови бракови. Иако Ватикан велеше дека црквата треба да ги прифати хомосексуалците со „почит и чувствителност“, сепак истополовите бракови нема да добијат еднаков третман со хетеросексуалните, бидејќи според католичкото учење, браковите треба да бидат помеѓу маж и жена за да создадат нов живот.
„Поради оваа причина црквата не им дава благослов на врските што вклучуваат сексуална активност на луѓе кои не се во брак, дури и тие врски да се стабилни, а истото важи и за заедницата меѓу лица од ист пол“, стои во соопштението.
Ватикан вели дека иако признава дека постојат позитивни елементи и во истополовите односи, тие сепак не можат да ги оправдаат и да им дадат црковен благослов.
„Тоа што не им даваме благослов на заедниците меѓу лица од ист пол не е форма на неправедна дискриминација, туку потсетува на вистината на литургискиот обред и на самата природа на светите тајни како што ги разбира Црквата“, се вели во соопштението.
Официјалниот став на Ватикан предизвика разочарување на социјалните мрежи, особено од оние кои очекуваа папата Франциск да ја напушти традицијата, откако лани во јавноста зборуваше дека ги поддржува истополовите парови.
За потсетување, лани во октомври папата Франциск предизвика големи реакции откако им даде поддршка за граѓанските сојузи на истополови парови во коментарите прикажани во документарецот „Франческо“.
„Она што треба да го создадеме е закон за граѓански сојуз. На тој начин тие се законски опфатени. Тие се Божји деца и имаат право на семејство. Никој не смее да биде исфрлен поради тоа“, се дел од изјавите на папата.
Сепак, официјалниот став на црквата останува дека хомосексуалните акти се „суштински нарушени“, а одобрувањето на Франсис се однесуваше на граѓанската сфера, а не во рамките на црквата, објави Асошиејтед Прес.