За Тито немало спас, морале да го тргнат од апаратите

Маршалот Јосип Броз Тито починал на денешен ден во 15:05 часот. Тито на респиратор бил во последните 68 дена од животот. Храната ја добивал преку инфузија. Доктор Предраг Лалевиќ го тргнал од апаратите кои го држеле во живот.

„Ни во шега не може да се каже дека јас го убив. Десет минути пред тоа, тој беше мртов. Му немаше спас. Јас само го тргнав од апаратите кои го држеа во живот“, изјавил претходно за „Express“, доктор Предраг Лалевиќ. Тој бил член на лекарскиот конзилијум на Тито, хирург и анестезиолог и цели 16 години бил личен лекар на Маршалот.

Тито на респиратор односно вештачо дишење бил во последните 68 дена од животот. Храната ја добивал со инфузија. Година дена подоцна во една германска болница, на Лалевиќ му приговориле дека мртвиот човек со денови го држеле на респиратор.

„Мозокот му беше жив и тоа беше медицинско оправдување зошто го држевме на апарати до тој момент“, изјавил тој. Но, тоа не била единствената причина.

ПОЧНАЛА БОРБАТА ЗА ВЛАСТ

„На државниот врв не им бил важен секој ден, туку и секој час“, изјавил лекарот на Тито Стане Доленц, моќен шеф на полицијата и човек кој многумина го гледале како наследник на Тито.

Во тоа време политичката ситуација била тешка и комплицирана. Траела борбата за власт. Доленц, еден од највлијателните луѓе во југословенската политика во текот на седумдесетите и осумдесетите години, во позадина создавал атмосфера на страв. Додека Тито сеуште бил во живот, се прошириле гласини како од Бугарија, во три колони, руски тенкови пристигнуваат на бугарско југословенската граница.

УПОРНО ОДБИВАЛ АМПУТАЦИЈА

Лалевиќ раскажува за тоа како Тито реагирал кога дознал дека ампутацијата би му го продолжила животот:

 

 

„Веднаш откако стигнале во Љубљана, заминале во Клиничкиот центар и направиле снимки од артеријата на левата нога, а потоа отишле на Брдо кон Крање. Поради тоа што ситуацијата со артеријата била лоша, му предолживме операција, која тој ја одби. Тогаш викнавме на консултации професори од САД и од Москва. Тие предложиле операција, односно ампутација, а ако тој не се согласи на тоа, ни остави да му вградиме една протеза за премостување на крвниот сад, со мали шанси за успех. Поради тоа што тој одбиваше ампутација, се обидувавме да направиме премостување со протезата. Оваа операција, како и што се очекуваше, не успеа, а тој и понатаму одбиваше ампутација.

„Дури кога ја видел својата потколеница, која била сина со големи пликови на кожата, тој изјавил „правете што треба да направите“, се присетува доктор Лалевиќ.

Брзо ја подготвиле салата и направиле ампутација на ногата значително над коленото.

„Операцијата минала без инциденти, и тој почнал да прима посети на интезивна нега. Го посетиле и синовите Жарко и Миша. Веќе размислувавме за заминување на Брдо кај Крање кога почнаа компликациите. Најнапред со бубрезите, а потоа и другите. Претседателот бил на респиратор цели 68 дена. Да се предвидува уште колку можел да живее, доколку веднаш му била направена ампутацијата е чиста шпекулација. Темата за смртта никогаш не ја споменувал во разговорите, освен што, тој одбивајќи ја операцијата изјавил – Јас доле, покажувајќи со прстот кон доле, одам само во едно парче -“, раскажува Лалевиќ додавајќи дека Тито често се шегувал со членовите на лекарскиот конзилиум и персоналот.

ПОСЕБНА ИСХРАНА ПРЕД СМРТТА

Тито пред смртта јадел храна за астронаути од НАСА, кој му ја подготвувале од Хјустон. Јоже Осели, батлерот на Тито, познат словенски кувар, ги поминал последните седум години од животот на Маршалот. За неговата исхрана се грижел се до неговата смрт.

„Тешко ни е да гледам како тоне. Беше тоа голема трагедија. Ние бевме со него до крајот. Не пуштија да го испратиме кога го возеа на патологија“, изјавил неговиот кувар и батлрер Јоже Осели (69).

Тој вели дека Тито немал некој посебни барања што се однесува до храната.

„Ние сервиравме различно месо, различни салати, се што било на менито. Никогаш не му сервиравме во чинија. само еднаш одби јадење. Му донесовме полжави, а тој изјави – О не, јас не би јадел полжави – А се сеќавам на една анегдота подоцна кога Јованка и Тито веќе беа раздвоени. Таа беше на една адреса, а тој на друга. Беше тоа некоја вечера надвор од протоколот. Тој зема нешто мало ѝ му пренел на конобарот – Испратете го ова на Јованка – Беше многу внимателен. Тоа беше знак дека не сакаше да прекине со неа, иако некои политичари го притискаа на таков чекор“, вели куварот.

 

 

По конзервите за астронаутите преминал на инфузија.

„Влегов во болница да видам каде би можеле да ја подготвиме храната, но знаете како е тоа во болница. Тие подготвуваат пет илјади оброци. Изгледа како да работат на лента. Кујната веќе одамна беше несредена. Ништо не вложуваа во неа. Четири месеци носевме храна од Брдо кон Крање во болницата. Ние се грижевме за исхраната на претседателот и лекарот. Мојата сопруга Метка се запишувала. Има и денеска запишано колку лажички изел за секој оброк, затоа што се се мереше во калории. Кога немаше повеќе храна, добивавме храна од НАСА од Америка, конзерви од астронаути. Го храневме додека можеше да јаде, а потоа се премина на инфузијата“, се присетува Осели.

Последен пат во животот Тито се обратил на својат батлер. Тогаш за кратко се разбудил од кома. Во собата биле и лекарот и медицинските сестри. Тито се обидел да изговори пет шест збора, но не говорел разбирливо. Кратко потоа повторно паднал во кома, а два часа подоцна, починал.

 

 

Scroll to Top