Забранет рајски остров каде што 250 луѓе живеат без вода, автомобили и мобилни телефони

Сопствениците сакаат да ја зачуваат хавајската култура, па ова е единствен остров на Хаваите каде што ретко се говори на англиски јазик. На прв поглед Нихау може да изгледа како идеално место за одмор. Тој е најмалку населен од сите острови на Хаваите, а се простира на 179 квадратни километри од западниот брег на Кауаија.Во овој тропски рај кој го опкружува Тихиот Океан температурата во текот на целата година е меѓу 20 и 30 Целзиусови степени, а плажите се преполни со ретки школки.

Но, за жал, малку луѓе може да го посетат. Се нарекува забранет остров затоа што е во приватна сопственост, а до него може да стигнат само луѓе со посебен повик.

Кралот Камехамех IV го продаде Нихау во 1863 година на Елизабета Синклер за 8.300 евра, а нејзините наследници – семејството Робинсон, управуваат со островот веќе стотина години.

 

На коњи и велисопеди

Според пописот на жителите од 2009 година, на островот живеат 130 лица, но се претпоставува дека бројката во меѓувреме пораснала за 250 поединци, кои го минуваат својот живот оддалечени од благодатите на модерниот свет без плаќање кирија.

Тука нема изградени патишта, хотели ни супермаркети. Еднаш неделно на Нихау доаѓа брод кој ги носи потребните продукти, а во случај на опасност на располагање имаат хеликоптер, кој е во сопственост на газдата на островот. Коњите и велосипедите се главниот транспорт на островот.

 

Жителите немаат мобилни телефони, ни пивка вода, а електрична енергија добиваат преку соларните панели, пренесува punkufer.dnevnik.hr.

Сопствениците сакаат да ја зачуваат хавајската култура, па ова е единствениот остров на Хаваите каде што ретко кој го говори англискиот јазик.

Опасност од воздух

Се живее мирно и без големи драми или така барем беше до 7 декември 1941 година кога по нападот на Перл Харбор, на Нихау се сруши јапонско летало.

Во падот преживеа јапонскиот пилот Шигенори Нишикаќи, кој една недела сеел страв меѓу локалните жители сè додека не бил спречен во понатамошните криминални активности.

 

На островот доминира сув терен, па жителите главно живеат од одгледувањето стока. Секое домаќинство има мали градини на кои одгледува зеленчук за кулинарските комбинации за говедско и овчо месо или риба, која самостојно ја ловат.

Нихау е домот на хавајските морски мечки, а на островот се раѓаат секоја година од 10 до 12 младенчиња, инаку загрозен вид животни.

 

Scroll to Top