Загадувањето на авионите е веќе минато, научниците со решение за овој децениски проблем

Научници од Универзитеот во Оксфорд велат дека можеби пронашле начин како да го намалат загадувањето предизвикано во воздушниот сообраќај, пренесуваат медиумите.

Тие успеале да го претворат јаглеродниот диоксид (CO2) во гориво со нулта емисија на отровни гасови. Техниката се состои од загревање мешавини со лимонска киселина, водород и катализатор, составен од жива, манга и калциум, за CO2 да го претвори во течно гориво за погон на авионите.

Како што пишува Endaget, овој пристап е евтин, едноставен и користи материјали што ги има во изобилство, а значително е поевтин од процесот на претворање на водородот и водата во гориво.

Горивото во моментот е произведено само во лабораториски услови и во минимални количини (само по неколку грама), но претставува голем напредок во производството на горива што не ја загадуваат околината. За комерцијална употреба, потребно е уште многу работа и усовршување на техниките и процесот.

Во моментот сè уште не е пронајден начин за ефикасно да се соберат големи количини јаглероден диоксид. Научниците се во потрага за индустриски партнери, кои би им овозможиле масовно производство. Кога би успеале во тоа, би добиле уште една алтернатива, која би била исклучително популарна за авиопревозниците.

Воздушниот сообраќај на тој начин полека ќе се префрли на чисти енергетски извори, а многумина планираат и купување електрични авиони или авиони што користат и некои други видови горива. Предноста на споменатиот метод е тоа што нема да биде потребно да се менуваат авионите затоа што постојните мотори веќе користат гориво засновано на CO2.

 

Scroll to Top