Зак Ефрон ќе глуми во римејкот на „Три мажи и бебе“

Глумецот Зак Ефрон ќе глуми римејкот на хит-комедијата „Три мажи и бебе“, која ја имаше својата премиера во 1987 година. Во оригиналниот филм глумеа Том Селек, Стив Гутенберг и Тед Денсон. Филмот ја следи приказната за тројца сингл мажи, кои мора да се грижат за бебе што им го оставила поранешната девојка на еден од нив, но не знаат чие е.

Филмот постигна огромен комерцијален успех. Вкупната заработка беше 240 милиони долари, а се снимаше со буџет од 11 милиони американски долари. Филмот доби продолжение во 1990 година, „Три мажи и мала дама“.

Новиот филм со Ефрон ќе биде снимен во продукција на „Дизни +“, но режисерот сè уште не е избран. Единствено се знае дека сценариото го напиша Вил Рејчел, кој претходно работеше на реализација на Hot Air.

Филмските критичари пишуваат дека Ефрон ќе биде одличен дел од филмот, особено што се прослави преку каналот „Дизни“ и телевизискиот филм „Средношколски мјузикл“ и стана тинејџерска сензација преку ноќ.

„Со оваа одлука продукцијата, веројатно, смета на помладите гледачи, што би можело да ја приближи приказната за генерацијата на нивните родители“, пишуваат медиумите.

Scroll to Top