Во славниот замок на Дракула во Трансилванија има и Ковид-центар , а на посетителите им се нудат „Фајзер“ вакцини. Медицински персонал во заштитна опрема го прашува секој што ќе влезе во замокот од 14. век дали сака да се вакцинира.
Од Замокот се надеваат дека неговата уникатна автентичност ќе придонесе да се зголеми бројка на вакцинирани. Во текот на мај, секој викенд, секој може да дојде без термин и да се вакцинира, но и да ја посети изложбата, бесплатно, со 52 средновековни инструменти за мачење.
„Идејата ни беше да прикажеме како луѓето се боцкале пред 500-600 години во Европа“, вели маркетинг директорот Александру Приску.
Ова е дел од напорите на Владата да ги поттикне Романците за да се вакцинираат во поголем број.
Од почетокот на пандемијата, во Романија се регистрирани над 1 милион ковид дијагостицирани и околу 29 илјади починати.
Владата вели дека до септември посакува да се вакцинираат 10 милиони граѓани, но речиси половина од населението не сака да се вакцинира.