Запален Светиот оган во Ерусалим

Светиот оган секогаш се чека на истото место во истото време. Во Црквата на Воскресението на Исус Христос, или во Грбот Господов, во сабота попладне, а се симнува и го пали само православен патријарх.
Светиот оган е пламен што се појавува на Светиот гроб во Ерусалим за време на Велика сабота, во пресрет на Православниот Велигден.
На овој ден, богослужбата и палењето на оганот заедно се служат во Православната црква во Ерусалим и Ерменската апостолска црква.
Палењето на светиот оган за верниците претставува видлива појава на Светиот Дух и потврда за воскресението на Исус Христос.
Богослужењето на Велика сабота во храмот на Светиот Гроб (црквата на Воскресението на Исус Христос), литургиски потсетува на настанот на Христовото страдање, неговиот погреб ѝ воедно претставува вовед во неговото Воскресение.

 

 

Scroll to Top