Работејќи на оваа приказна, новинарите дошле до името на фирмата, „Southern Nevada Donor Services“ во Лас Вегас, која им нудела на ожалостените семејства бесплатно кремирање на умрените во замена за донирање на телата кои подоцна ќе служат за научни истражувања.
Но, приказната има своја мрачна позадина. Есента 2015 година жителите на предградието се пожалиле на сомнителна смрдеа и крвави кутии во контејнерите за ѓубре. Во декември некои од загрижените граѓани им пријавиле на властите сомнителни активности кои ги забележале во последните неколку месеци.
Здравствените инспектори откриле маж облечен во лекарска униформа како среде бел ден во својот двор се обидува со црево за вода да одмрзне заледено човечко тело. Парчињата ткиво и крв течеле по улицата.
Истрагата открила дека компанијата собирала човечки тела, ги распарчувала, а потоа деловите ги продавала на научни институции и други купци.
Имено, во САД нема закон што го регулира овој бизнис.
Продажбата на органи, како срце, црн дроб или бубрези, за трансплатација во САД е нелегална. Ниту еден федерален закон не ја регулира продажбата на човечки тела за научни или образовни цели. Институционален надѕор над овој бизнис речиси нема, така што многумина можат да заработат добро.
„Актуелната ситуација може да се спореди со ограбувањето на гробовите во 19 век“, вели Ангела Мекартур од Медицинскиот универзитет во Минесота.
Деловниот успех зависи од количината на тела кои можете да ги добиете. Ваквите фирми често ги користат сиромашните граѓани кои се исцрпени од скапите болнички трошоци, во замена за бесплатното кремирање и ги донираат посмртните остатоци од своите најмили.
Освен тоа, секоја година илјадници Американци ги донираат телата на умрените верувајќи дека на тој начин ѝ помагаат на науката. Но, не се свесни дека многу од нив ги полнат банкарските сметки на сомнителните фирми кои оперираат на црниот пазар.
„Ројтерс“ во последните пет години открил уште 33 фирми во САД кои се занимаваат со продажба на човечи тела. Една фирма на тој начин за три години заработила 12,5 милиони долари.
Цената на поединечен дел од телото зависи од пазарот и условите. Генерално, на едно тело може да се заработи од 3000 до 5000 долари, иако некаде цените достигнуваат и до 10.000 долари.
Интерните документи на седум компании покажуваат како се движат цените за поедини делови. 3575 долари за торзо со нозе, 500 долари за глава, 350 долари за стапало, 300 долари за ‘рбет.
Ваквите компании соработуваат со погребните претпријатија. „Ројтерс“ откри 62 погребни друштва кои на тој начин дополнително заработувале. Во Оклахома две погребни претпријатија вложија 650.000 долари за да основаат посебни фирми кои ќе ги распарчуваат телата.