Зараза која за година дена уби повеќе од 15% од светската популација

Јустинијанската чума го добила името по византискиот цар, кој владел во време кога се појавила во средината на VI век, а најмногу пишани извори за неа доаѓаат од Византиското царство. Најстрашна била во Цариград каде однела од 5-10.000 животни дневно.

Јустинијанската чума избила во 541 година и се проширила низ Медитеранот и источна Азија, особено Византија, во Цариград, Саснидското царство и градовите долж Средоземното море. Името го добила по императорот кој тогаш владеел во Источното римско царство.

Последиците биле страшни. Умреле преку 25 милиони луѓе во првиот налет, што тогаш било околу 13% од вкупниот број на луѓе во светот. Во самото Средоземје веројатно усмртила четвртина од жителите. Поради цикличното јавување во наредните два века, вкупно однела преку 50 милиони животи. Минимум. Тоа ја прави една од најсмртоносните пандемии во историјата на човештвото.

На основа на современите испитувања на ДНК примероците од остатоците на човечките тела, од тој период, како и на основа на тогашните описи на манифестирање на оваа зараза, науката тврди дека е во прашање појава на бубонски куги кои предизвикува бактеријата „Jersinija pestis“.

Истата бактерија шест векови по последното појавување на Јустинијановата куга, започнала поголем убиствен бран во средината на XIV век, кога ќе однесе 30 до 60% од животите во пределот од Византија и Србија, до Франција, Анлгија и Шпанија. Запаметена е како Црна смрт.

Scroll to Top