Акциите на „Фејсбук“ паднале за неверојатни 35 милијарди долари, додека, пак, Марк Цукенберг очекува повик од политичарите од Европа и САД. Тие бараат објаснување за огромниот протек на личните податоци на корисниците на оваа социјална мрежа.
Особено ги интересира како аналитичката компанија „Кембриџ аналитика“ дошла до личните податоци на 50 милиони корисници без нивно одобрение и истите биле искористени за поддршка на победничката кампања на претседателските избори за Доналд Трамп во 2016 година.
Овој скандал е само уште еден голем удар на репутацијата на „Фејсбук“, кој веќе е под голем притисок по откривањето дека Русија ги користела неговите алатки за да ги сврти гласачите на страната на Доналд Трамп со помош на „лажни вести“.
Сето ова резултирало со пад на акциите на компанијата од 6,8%.
Претставниците на компанијата изјавиле дека го суспендирале налогот на компанијата „Кембриџ аналитика“ заедно со сите поединци осомничени за вмешаност во овој скандал.
Сепак, ова не било доволно па Цукенберг сега е повикан пред конгресот за детално да објасни што направила неговата компанија за да ги заштити личните податоци на корисниците на оваа социјална мрежа од злоупотреба.
Слични барања на адресата на Цукенберг почнале да пристигнуваат и од ЕУ.