Легендарниот чешки фудбалер Томаш Репка доби двегодишна затворска казна затоа што ја нудел неговата поранешна сопруга на порносајт. Британските медиуми пишуваат дека Репка кога пристигнал во затворот „Рузине“ во Прага веднаш добил смртни закани од затворениците.
„Добре дојде во пеколот. Ќе умреш“, викале затворениците додека поранешниот фудбалер влегувал во својата ќелија.
Репка минатата година со цел да ѝ се одмазди на неговата поранешна сопруга Владка Ербов, објавил нејзини фотографии и број на телефон на порносајт. Репка сакал да ѝ се одмазди затоа што не му дозволила да го гледа синот. Во тоа му помогнала и неговата сегашна девојка Катерина Кристелова.
Катерина судот ја казнил со парична казна од 2.000 евра. Покрај овој случа,ј Репка претходно бил обвинет и за возење во алкохолизирана состојба и продажба на автомобил марка „мерцедес“, кој не бил во негова сопственост, за повеќе од 40.000 евра.
Репка е познат по грубата игра на фудбалските терени. Во својата кариера има добиено 18 црвени картони. Тој кариерата ја заврши пред пет години, а играл во тимовите на Спарта, Фиорентина и Вест Хем. За репрезентацијата на Чешка има одиграно 50 натпревари.