Земја во која ве апсат и ако зборите за корона

Властите во Туркменистан забранија да се разговара за коронавирусот во јавност, извести невладината организација „Репортери без граници“.

„Медиумите кои се под државна контрола, повеќе не смејат да го користат овој збор“, стои во соопштението на оваа организација пренесува „Дојче Веле“.

Полицијата облечена во цивилна облека, може да ги уапси граѓаните кои не носат заштитна мсака за лице или зборуваат за коронавирусот на улица, автобуска станица или во редовите пред продавинца“, стои во соопштението.

Организацијата за слобода на медиумите го цитирала извештајот на организацијата Radio Liberty во кое е наведено дека властите во Туркменистан ќе ги апси луѓето кои расправаат за вирусот на јавни места.

 

 

Scroll to Top