Жена преживеала три дена без нејзиното срце

Срцето на 23-годишна девојка од градот Сијан, Кина, престанало да чука, но по три дена, лекарите успеале да ја вратат во живот.

Како што јавува „Глобал тајмс“, девојката често останувала будна до доцна во ноќта, па поради тоа имунолошкиот систем на телото ѝ бил ослабен. Во средината на јули, таа настинала, што довело до миокардит, по што доживеала кардиоген шок.

Кога срцето на пациентката запрело да чука, лекарите итно прешле кон алтернативен метод за внесување кислород во крвта – екстракорпорална мембранска оксигенација, за да го обезбедат дишењето и без работата на срцето. По три дена чукањето на срцето се вратило.

За целото тоа време, додека не зависела од своето срце, девојката била свесна и разговарала со луѓето околу себе. Таа била во изненадувачки добро расположение и постојано зборувала за ова нејзино неверојатно доживување.

Scroll to Top