Жена во Бразил ја закопале жива, а 11 дена подоцна мештаните слушнале тропање од гробот

Вистински хорор се одиграл во Бразил, кога роднини на покојната Росанхела Алеида дос Сантос (37) слушнале глсаови од нејзиниот гроб. Гласови за помош. Поради тоа што биле убедени дека е жива погребана, се решиле да го откопаат гробот.

Таа очајнички се борела да излезе од дрвениот сандак, кој бил запечатен. Пред нејзините роднини минатиот петок, ја разбијат гробницата, и дојдат до неа, таа веќе починала. Медиумите пренесуваат дека локалните жители пред тоа слушнале врисоци кои доаѓале од гробот.

На интернет се појави и вознемирувачка снимка на која се гледа моментот кога успеале да дојдат до сандукот и да го отворат. Поединци се обидувале да повикаат Брза помош, додека други ги допирале нејзините стапала и говореле дека сеуште е топла.

Жената е прогласена за мртва во болницата на 28 јануари, а веќе наредниот ден е погребана. Луѓето кои живеат недалеку од гробиштата го повикале нејзиното семејство на 9 февруари, 11 дена после погребот, кога слушнале пискотници и тропање од гробот.

Наводно, кога ја извадиле од сандукот, нејзиното тело сеуште било топло, имала повреди по рацете и челото, најверојатно здобиени од ударите додека се обидувала да излезе. Шајките со кои сандукот бил затворен, на неколку места биле избиени, додека внатрешната страна на покривачот имало траги од гребење и крв.

Таа лежела во болницата во Береирас на североистокот од Бразил, каде е доведена поради тежок замор. Имала два срцеви удари пред да почине од септички шок, се наведува во извештајот на нејзината смрт. Според извештаите, од седмата година ја следеле чести несвестици, и земала лекови против грчење на мускулите.

„Кога стигнав пред самиот гроб, слушнав тропање од внатре. Помислив дека децата кои си играат на гробиштата се шегуваат со мене. Тогаш два пати слушнав стенкање и тогаш се престана“, раскажа мештанката Наталина Силва.

Кога се слушнало дека жената е жива закопана, голем број на луѓе стигнале на гробиштата, а според зборовите на сведоците, околу 500 луѓе се увериле дека нејзиното тело било топло кога ја извадиле. Нејзиното семејство верува дека по грешка била прогласена за мртва во болницата и инцидентот го пријавиле во полиција.

 

 

„Не сакаме да ги обвинуваме докторите, не сакаме да правиме проблеми, но видовме што видовме. Нема шанси телото да може 11 дена да лежи во гробот, а да не се олади“, изјави сестрата на несреќната жена, Исамара Алмеида.

Шефот на полицијата Арналдо Монте, кој ја води истрагата во овој случај, изјави дека отпочнати се собирања на изјави и докази.

„Ќе дојдеме до вистината за тоа што навистина се случило“, изјави Монте.

Портпаролот на болницата во кој Дос Сантос наводно починала, изјави дека установата ќе ги даде сите неопходни информации, кои семејството или полицијата ги има побарано.

 

Scroll to Top