Жени во хороскоп кои се тешки за освојување

Три жени во зодијакот се тешки за освојување, но кога конечно ќе се препуштат, со нив навистина сè е совршено….

Жени родени во знакот бик

Дамата бик е најстабилна од сите. Таа точно знае што сака и како да го добие тоа. Но, таа нема да мрдне со прст и нема воопшто да се нервира ако партнерот не сака да се потруди околу неа. Таа едноставно ќе си отиде, како вистинска дама. Најважно ѝ е уживањето, сака партнерот да ѝ угодува, да излегува често, да оди во ресторани… Ако сакате да ја освоите, знаете што треба да направите – не дозволувајте да ѝ стане здодевно. Таа бара мир, а не стрес, па ако мислите дека не можете да ѝ овозможите мир и стабилност, подобро да не ни започнувате врска.

 

Жени родени во знакот девица

Дамата девица има променлив карактер. Не дозволува некој да ја лаже и лесно може да препознае што е вистина, а што не е. Темелна е и има многу барања, а тоа го очекува и од мажите кои ѝ се додворуваат. Ако не може да разговара за сè со партнерот, ако не ѝ се додворува сестрана, интересна личност, нема да покаже интерес и нема да возврати на флертот. Се вљубува во партнери кои се посилни од неа, кои можат да ѝ бидат поддршка и потпора.

 

Жени родени во знакот јарец

Дамата јарец е стабилна и мирна, но и тврдоглава. Таа најлесно ги добива работите што ги сака, само затоа што е трпелива. Партнерот мора многу да се потруди за да ја освои, а потоа и за да ја задржи. Таа никому нема да му прогледа низ прсти. Таа е дама која е традиционално воспитана и такви вредности негува. Нејзе ѝ е важно полека да ја гради врската и да станува сè подобра. Многу е верна, а тоа го очекува и од партнерот.

Scroll to Top