„Животот на Белчевска не можеше да се спаси, но нејзиното семејство на мојот син му даде нова шанса“, таткото на 22 годишниот Иле благодарен на семејството чија ќерка донираше срце

By

Цветко Стрезовски, таткото од Брвеница на 22-годишниот Иле Стрезовски, кому му беше извршена трансплантација на срце, се заблагодари на семејството на починатиот донор Верче Белчовска за продолжувањето на животот на неговиот син.

„Прво да изразам сочувство на фамилијата на Верица и благодарност што му го продолжија животот на синот. Тој од 6 јануари боледува со слабо срце со 14 отсто работа и се бараше од тогаш донор. Разговараравме со синот, добар е сега. Голема благодарност до докторите и министерот за здравство“, рече Стрезовски пред медиумите по завршувањето на трансплантацијата на срце на Клиниката за кардиологија која е втора во македонската историја.

Органите на Белчевска овозможиле и трансплантација на два бубрези и за прв пат трансплантација на дел од коскениот систем.

„Животот на Белчевска не можеше да се спаси, но, семејството и покрај тоа што беше во шок, собра храброст и донесе хумана одлука. Станува збор за форма на болест која прави срцето слабо да пумпа, само 10 отсто, и не можеше да се вгради вештачко срце. Младиот Иле е буден, се чувствува добро, сите параметри се добри и се надевам дека добро ќе закрепнува“, рече Филипче.

Маја Мојсова Мијовска, националниот координатор за трансплантација, вели дека станува збор за тешки и комплицирани процеси за кои се уште немаме систем за трансплантација во Македонија, но се работи на тој пат, бидејќи е мошне тешко да се направи таква програма.

 

Ќе ви се допадне