Зинедин Зидан поднесе оставка

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, поднесе оставка на функцијата. Светските медиуми објавија дека, францускиот тренер кој пред пет дена со Реал ја освои третата последовна титула во Лигата на шампионите, решил да се повлече по состанокот што го имал со претседателот Флорентино Перез.

Зидан стана тренер на Реал во јануари 2016 година и за две и пол години успеа да освои една домашна, две светски и три титули во Лигата на шампионите.

Деталите за оставката Зидан ќе ги објави на вонредна прес конференција.

Scroll to Top