Лондонската компанија „Голдџини“ произведе машки тркачки велосипед покриен со 24-каратно злато. Ова е еден од најлуксузните велосипеди во светот и чини 250.000 фунти, што е поскапо од цената за некои модели на „Ферари“.
Речиси секој сантиметар од велосипедот е покриен со злато, вклучувајќи ги кормилото, синџирот и краците.