Доколку се препознаете во некој од овие знаци, сериозно размислете за подлабок одмор и одвикнување од социјалните мрежи.
1. Не сте повеќе во можност да уживате во моментот, без разлика дали сте во кино или шетате во природа, без да помислите како тоа треба што поскоро да го објавите. Веднаш го зграпчувате мобилниот во тој момент? Добра причина за паузирање.
2. Поминувате ли повеќе време дружејќи се со луѓето онлајн отколку што ги гледате во реалниот свет? Ви треба промена.
3. Откривате ли премногу интимни податоци? Мислите дека навистина луѓето ги интересира колку пати често ги депилирате нозете? Се надеваме дека тоа не сте го поткрепиле со слика. Во секој случај време е за повлекување.
4. На работа цел ден сте на социјалните мрежи балансирајќи помеѓу статусите и дневните задачи. Вашата продуктивност е смалена, а вам тоа ви е веројатно јасно. Ова е сигурен знак дека треба да почнете со одвикнување, особено ако сонувате за напредување или зголемена плата.
5. Доколку поминувате со часови на туѓи профили проучувајќи ја детално секоја слика или збор, имате навистина сериозен проблем. Не само што сте зависни од друштвени мрежи, туку сте се претвориле во онлајн предатор.
6. Колку пати дневно поминувате на друштвените мрежи? Дали се во прашање минути или саати? Доколку поминувате таму повеќе време отколку во вистинското дружење со семејството и пријателите, наша препорака е чекор подалеку од компјутерот.
7. Не сте задоволни од животот и кога ќе се одлогирате, се чувствувате уште полошо. Разбирливо е доколку сте дознале дека вашата пријателка купила нов автомобил, додека другата се подготвува за патување, а вие размислувате како ќе ги платите сметките. Решението е едноставно, немојте да се логирате некое време, барем додека малку не се наместат коцките во вашиот живот и не ви се врати расположението.
8. Пробајте да преживеете еден ден без да ги посетите друштвените мрежи. Поминувате низ гадна криза? Потребна ви е пауза подолга од еден ден.