Зошто e петок 13 несреќен ден?

Многу луѓе во светот веруваат дека петок 13 е баксузен ден. Всушност, никој точно не знае од каде потекнува стравот од петок 13. Доналд Даси, основачот на центарот за фобии во Северна Каролина, САД, се сомнева дека стравот потекнува од нордиската митологија.

Нордиската митологија е збир на митови, легенди и верувања во натприродни суштества. Проучувањата за оваа методологија сметаат дека овие луѓе навистина постоеле и им биле дадени божествени особини. Според еден нордиски мит, постоеле 12 богови кои вечерале во Валхала, светата сала каде што се собирале сите нордиски херои кои починале. Меѓутоа еднаш додека вечерале, вечерата била прекината од 13. гостин, злобниот бог Локи. Локи го изманипулирал богот на зимата да го убие неговиот брат, богот на летото. Оттогаш, луѓето почнале да го асоцираат бројот 13 со убиството што се случило поради непосакуваниот 13. гостин.

Денот петок бил вклучен во суеверието оти се верува дека Исус бил распнат на крст во петок. Во Рим, а подоцна и во Америка, сите јавни убиства се случувале во петок.

Петок 13 станал најнесреќен ден оти спојува две суеверија во едно. Бројот 13 се поврзува со несреќа до ден денес.

Денес многу хотели и згради немаат 13. кат, туку од бројот 12 веднаш преминуваат на 14. Дури и немаат соба со број 13. Аеродромите најчесто го избегнуваат излезот со број 13. Холивудските филмски студија го искористија стравот на луѓето, па снимија многу хорор филмови кои се случуваат на петок 13 со што дополнително се зголемува стравот на луѓето од овој ден.

Едно истражување од 1993 година покажало дека статистички петок 13 е навистина несреќен ден, но не дале точни податоци што го прави овој ден несреќен.

Не сите култури веруваат во тоа дека петок 13 е несреќен ден. Грците и Шпанците веруваат дека вторник 13 е несреќен ден, а за Италијаните петок 17 е најнесреќен ден во годината.

 

Scroll to Top