Зошто е виолетов станот во „Пријатели“?

Освен шестмината главни актери во серијата „Пријатели“, асоцијација за серијата и виолетовиот стан на Моника и Рејчел.

Одлуката станот да не е бел била на дизајнерот на сетот Џон Шафнер.

„Додека го подготвував сетот за серијата, станот беше бел. Но, еден од продуцентите веднаш ме праша: ‘А, ќе го бојосаме?’ Мислам дека би требале да го бојосаме виолетово, му одговорив“, рекол Шафнер во едно скорешно интервју.

Многумина биле скептични додека не им покажал мал виолетов модел.

„Бојата е многу важна за идентитетот на една серија. Кога гледачот ќе ја види виолетовата боја веднаш знае дека е од ‘Пријатели’ и не го менува каналот. Не можете да оспорите дека станот е една од првите работи што ви паѓаат на памет кога ќе се спомне серијата“, додал тој.

Scroll to Top