НАСА ќе испрати во вселената нов тип на атомски часовни – Deep Space Atomic Clock – кој ќе служи како технолошка демонстрација за новата GPS технологија, чија цел, пак, е да им помогне на вселенските летала да се движат низ Сончевиот систем.
Deep Atomic Clock ќе биде лансиран на 22 јуни од Вселенскиот центар Кенеди. Големината на новиот иновативен систем е на исто ниво со онаа на просечен тостер, ќе биде доведен во орбита со помош на Falcon Heavy ракетата на SpaceX. Откако ќе ја достигне посакуваната позиција, часовникот ќе помине една година во орбитата на Земјата.
Ако сè оди според планот, потоа тој ќе оди подлабоко во Сончевиот систем. Моментално сите вселенски летала кои се движат низ длабоката вселена користат гигантски антени на земјата за да ја одредат својата положба.
Технологијата мери колку време треба сигналот испратен од Земјата да се врати назад, со што се дознава колку се одалечени од леталото. Атомските часовници се користат за споредба на интервалот помеѓу сигналите и им овозможуваат на истражувачите да научат каде е вселенското летало и каде тоа треба да оди од таму.
Deep Space Atomic Clock ќе му овозможи на вселенското летало да прима сигнал од Земјата и да ја пресмета својата позиција веднаш со помош на систем за навигација на возилото.
Атомскиот часовник има неверојатна прецизност, бидејќи мора да биде многу прецизен, при што грешка од нано секунда може да ја направи разликата помеѓу слетувањето на Марс или пак целосно промашување на планетата.
Земните тестови веќе покажаа дека Deep Space Atomic Clock е до 50 пати постабилен во споредба со слични верзии кои се инсталирани на GPS сателитите.
За разлика од другите атомски часовници, Deep Space Atomic Clock користи живи јони затворени во електромагнетски стапици.
Оваа особина дозволува часовникот да биде поотпорен на влијанието на надворешните сили. Доколку стабилноста се одржува во вселената, уредот ќе биде еден од најпрецизните часовници во универзумот.