Врските на далечина не се лесни, но се опасно секси.
1. Моментот кога ќе го здогледате по долго време, практично е момент поради кој настанал зборот напален/а. Во текот на одалеченоста толку многу сте си недостигале еден на друг што едноставно е невозможно да се заситите од сексот, бакнежите, допирите, погледите…
2. Викендите се сведуваат на секс и храна. Кога немате секс – јадете, а секој момент кога не јадете – го поминувате во кревет. Постојат ли воопшто подобри викенд-планови?
3. Вашата врска се заснова врз добрата комуникација, а која и тоа како ви користи во кревет затоа што кога ќе почнете да му кажувате што сакате да прави со вашиот клиторис, тој навистина ве слуша и продолжува да го прави она што вие сакате да го прави.
4. Сексот на брзина го имате доведено до совршенство, што значи дека кога и да ве фати неодолива желба за секс, вие знаете како да се справите со ситуацијата затоа што кога тој за 10 минути мора да тргне кон аеродромот, вие и тоа како знаете да го искористите тоа време на обострано задоволство.
5. И оддалеченоста има своја моќ. Секс-чет, видеосекс, секс преку телефон… Сето тоа ви дава потполно право искрено да му се насмеете на секој што му се потсмева на вашиот сексуален живот затоа што на вашиот живот сексот, дефинитивно, не му недостига и веројатно е поинтензивен, порновиден и позабавен од многуте други врски.
6. Во секој секс вложувате максимум затоа што многу добро знаете дека пред вас се само неколку дена оргазам и сакате тие денови да ги искористите на најдобриот можен начин.
7. Вашиот секс е магична комбинација на љубов, тага, лутина и среќа во исто време. „Те сакам“, „Те посакувам во мене засекогаш“, „Ужасно ми недостигаше“, „Зошто не живееме заедно?“, „Ужасно ќе ми недостигаш…“ Сите тие емоции измешани заедно го прават рецептот за најнеодоливиот секс што можете да си го замислите.