Ѕверката нема да се појави во новото продолжение на „Сексот и градот“

Откога продуцентите на серијата „Сексот и градот“ најавија дека во новото продолжение нема да се појави ликот на Саманта (Ким Катрал), сега открија дека во серијата нема да го нема ни Ѕверката, што го глумеше Крис Нот.

Иако Нот имаше една од главните улоги во серијата и во двата филма „Сексот и градот“, според сценариото за третиот дел, тој наводно умира од срцев удар под туш, па затоа не постои можност да глуми во новата мини серија. Освен Саманта и Ѕверката, овој пат нема да го има ни ликот на Стив Брејди (Дејвид Ајгенберг), кој го играше сопругот на Миранда Хобс, пишуваат американските медиуми.

Продолжението на серијата „Сексот и градот“, чиј оригинален наслов гласи And Just Like That, ќе има 10-получасовни епизоди. Снимањето треба да почне во Њујорк кон крајот на пролетта. Оваа серија ќе се емитува 16 години по завршувањето на последната шеста сезона на серијата, а десет години по излегувањето на филмот „Сексот и градот 2“. Новата серија ќе се снима за стриминг-сервисот „Ејч-би-о макс“.

Scroll to Top