Колач со мармалад

Едноставно и брзо….

Потребно:

6 чашки брашно

5 чашки кисела вода

4 чашки шеќер

2 чашки масло

100 гр. мелени ореви

1 пециво

1 ванила

рендана кора од 1 портокал

2 лажици какао со висока постотност на чоколадо (чоколада во прав)

За премачкување и посипување

по ваша оцена мармалад од кајсии,

по ваша оцена мелени ореви и рендано посно чоколадо

 

Чашата е од 120 мл

– Во сад ставете ги брашното, ренданата кора од портокалот, пецивото, ванилата, шеќерот, мелените ореви, киселата вода и со лажица размешајте убаво. Додадете го маслото и повторно размешајте. Добиената смеса поделете ја на два еднакви дела.

Во едниот дел ставете го какаото и размешајте убаво да немате грутчиња или просејте го преку цедалка.

– Во плех со димензи од 38х20см. истурете ја смесата со какаото и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени. Нека се пече околу 20 мин. Извадете го колачот од рерната, премачкајте со неколку лажици мармалад, врз него истурете го белиот дел од смесата, вратете во рерна и печете уште околу 30 мин. Печениот колач извадете, повторно премачкајте со мармаладот, посипете со мелените ореви. Кога потполно ќе олади изрендајте одозгора чоколадо.

Scroll to Top