Куглоф со тиква и портокал

Потребни состојки:

400 гр брашно
1/2 прашок за пециво
1/2 лажичка сода бикарбона
рендана кора од 1/2 портокал
100 гр сечкани ореви
100 гр рендана тиква
200 гр шеќер
2 ванилин шеќери
200 мл вода
100 мл масло
сок од 1/2 портокал
5 лажици мармалад од кајсии

За декорација

портокал,
мелени ореви,
шеќер во прав

Начин на подготовка:

Брашното, пецивото и сода бикарбоната ги соединуваме. Во сувите состојки ги додаваме оревите, ренданата кора од портокал и ренданата тиква, па промешуваме. Маслото, водата, шеќерите, мармаладот и сокот од портокал ги соединуваме посебно во друг сад. Влажните состојки ги додаваме кон сувите, промешуваме и смесата е подготвена за печење. Во намрсен и набрашнет калап за куглоф ја распоредуваме смесата. Печеме на 200 степени околу 40 минути.

Scroll to Top