Потребни состојки:
1 голема шолја млеко
20 лажици шеќер
2 коцки чоколадо за готвење
8 лажици гриз
250 г путер или маргарин
1 помало пакување обланди
Начин на подготовка:
Млекото ставете го на оган да зоврие, па додадете ги шеќерот и чоколадото, убаво да се растопат, а дури потоа додадете го гризот и варете додека да згусне. Во жешкиот гриз додадете ги листовите исечен путер и добро промешајте додека тој да се растопи и да се соедини со гризот. Оставете ја смесата на страна да остине и да стане млака. Поделете ја на четири еднакви делови и филувајте ги корите од обландата со рапавата страна. Добро притиснете и ставете нешто тешко одозгора. Така оставете ја до следниот ден, па послужете ја.