Свински котлети со печурки

By
 Потребно:  4 свински котлети сол бибер 1 прстофат гранули лук 1 главица сечкан кромид 300 гр сечкани свежи шампињони 1 инстант крем супа од печурки (од кесичка)

Подготовка: Зачинете ги свинските котлети со сол, бибер и лук по ваш вкус. Згответе една инстант крем супа од печурки. Во голема тава (тенџере) пропржете ги котлетите на умрен оган. Додајте сечкан кромид, шампињони и пропржете 5 минути. Прелијте ги котлетите со крем супа од шампињони.

Поклопете ја тавата и намалете ја температурата на која пржите. Нека се динста 20-30 минути, или додека котлетите не бидат готови.

 

Ќе ви се допадне