Бајадера готова за 20 минути

Потребно: 9 лажици вода, 200 гр шеќер, 150 гр мелени ореви, 250 гр мелени бисквити, 170 гр маргарин, 100 гр чоколадо за готвење

За глазура: 100 гр чоколадо за готвење, малку масло

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Во тенџере на оган се ставаат шеќерот и водата и се оставаат додека шеќерот да се стопи. Се додава маргаринот и се трга од оган. Додајте ги и оревите и бисквитите и мешајте, па смесата која сте ја добиле поделете ја на два дела.
Растопете го чоколадото на пареа и ставете го во едниот дел од смесата, а другиот дел оставете го како што е. Ставете хартија за печење на работната маса, па ставете ја прво смесата со чоколадото и со рацете обликувајте квадрат, па ставете ја врз него смесата без чоколадо и натапкајте. За глазурата се растопува чоколадото со масло и се прелива врз бајадерата.

 

Scroll to Top