Блади Мери против мамурлак

Познатиот коктел кој има мноштво варијации, важи и за еден од надобрите лекови против мамурлак. Дознајте зошто и како да го приготвите.

Иако Блади Мери (крвава Мери) можете да правите на мноштво различни начини, една работа не би требало – да пиете Блади Мери во текот на вечерата. Оставете го овој коктел за наутро, против мамурлак.

„Крева од мртви“ поради доматите, малата количина алкохол, но и поради лутината која веројатно секого ќе го размрда и разбуди.

Потребни ви се:
60 мл вотка (џин или обична текила)

1,5 лажичка сок од лимон

Рен на врвот од лажичката

¼ лажичка табаско сос (лут сос)

Пола лажичка ворчестер сос

120 мл сок од домати

Сол и црн пипер

Приготвување:

Помешајте ги состојките и додадете коцкички мраз. Полека неколку пати претурајте го од една во друга чаша додека не се разлади. Не го матете, затоа што ќе се создаде пена.

Ако сте претерале со алкохол, секако следното утро обидете се да ја поправите работата со добар појадок и со Блади Мери.

Scroll to Top