Потребни состојки:
100гр темно чоколадо
50гр шеќер во прав
30мл темен рум
120гр вафли
100гр мелени лешници
шарени трошки за декорација
Начин на подготовка:
На пареа целосно стопете го чоколадото, па додајте го шеќерот во прав. Ќе добиете смеса како тесто. Додајте го румот и мешајте. Во блендер ставете ги вафлите и лешниците, но на кратко, да не добиете брашно, туку само малку нека се поткршат. Додадете ги во чоколадната смеса и мешајте за да се добие компактна смеса од која ќе направите бомбици. Можете веднаш да ги правите, или ако е потечна смесата, ја оставете малку во фрижидер да се стегне. Вака направените бомбици веднаш валкајте ги во декоративните трошки за да се залепат. Ставиме ги во фрижидер да се стврднат, па послужете ги.