Најпрво се мати со миксер слатката павлака се додека не се добие добра густина. Потоа се додаваат предходно насечканите ресани и бананки. Се меша со лажица. Се додаваат и мелените ореви и бисквити. Откако се убаво ќе се измеша се прават топчиња со големина колку орев и се увакуваат во кокос или мелени ореви ( по желба).
Се сервираат на чинија во хартиени корпички.

500 мл. слатка павлака
2 пакетчиња ресани (насечкани на ситни коцки)
15 крем банани (насечкани на ситни коцки)
100 гр. мелени бисквити
100 гр. мелени ореви
за увалкување
50-100 гр. кокос или мелени ореви